Дома Фудбал Останато Ибра до Французите: Ги имате Меси, Мбапе и Нејмар, но џабе кога го немате Бог

Ибра до Французите: Ги имате Меси, Мбапе и Нејмар, но џабе кога го немате Бог

Златан Ибрахимовиќ и на 40 години освојува со својата харизма и го привлекува вниманието со своите изјави.

Сега Ибрахимовиќ во интервју за францускиот фудбалски канал изјави дека фудбалот во Франција не е интересен откако тој си заминал од ПСЖ.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


„Од моментот кога си заминав во Франција се тргна надолу, немате за што да зборувате, немате теми. Јас и требам на Франција, таа не ми треба мене. Ги имате Мбапе, Меси и Нејмар, но тоа не ви помага“, изјави Ибра.

Потоа новинарот го праша „Зошто?“.

„Затоа што го немате Бог“, кратко со насмевка одговори Ибра.

Дресот на ПСЖ Ибрахимовиќ го носеше од 2012 до 2016 година и во тој период на 180 натпревари постигна 156 гола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Симеоне веќе ги крои плановите за лето – има две големи желби за посилен Атлетико!

Атлетико Мадрид ќе биде еден од клубовите кои би можеле да го одбележат претстојното лето.…