Златан Ибрахимовиќ не го криеше разочарувањето после елиминацијата од Лига Европа.
Милан загуби со 1:0 на „Сан Сиро“ од Манчестер Јунајтед и беше елиминиран од осминафиналето од Лига Европа.
Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?
„Големо разочарување, бидејќи многу добро игравме во двата натпревари, направивме една грешка и примивме гол“, изјави Ибрахимовиќ.
„Требаше да ги искористиме нашите шанси. Не заслуживме да бидеме елиминирани, но ова е фудбал. Мораме да учиме од негативните моменти за да можеме да напредуваме. Одиме напред, оваа сезона не е готова. Имаме уште многу натпревари во Серија А“, додаде Ибра.