Златан Ибрахимовиќ повторно го воодушеви фудбалскиот свет со своите мајстории во вчерашното деби во дресот на ЛА Галакси каде што пристигна пред неколку дена.
Искусниот Шваѓанец уште еднаш доажа дека има уште што да покаже на фудбалскиот свет.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Дебито на Ибра и не можеше да биде подобро. Влезе од клупата за резерви постигна два погодоци. Еден од огромна далечина, еден во финишот за победа.
Набрзо потоа Мино Раиола на социјалните мрежи се огласи со Твит дека МЛС сега е „МЛЗ“ во чест на неговиот клиент.
Потоа следуваше и одговор од Ибра.
„И повторно ме доведе бесплатно“, порача Швеѓанецот
And you brought me for free again https://t.co/pMOlGk5H0C
— Zlatan Ibrahimović (@Ibra_official) April 1, 2018