Дома Видео Ибрахимовиќ и Ребиќ го декласираа Кротоне

Ибрахимовиќ и Ребиќ го декласираа Кротоне

Милан во 21. коло од Серија А на Сан Сиро го декласира Кротоне со 4:0 и се врати на врвот на лигашката табела.

Росонерите лесно стигнаа до трите бода, а по два гола постигнаа Златан Ибрахимовиќ и Анте Ребиќ.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Отпорот на Кротоне беше скршен во 30. минута. Леао и Ибра одиграа школска акција, а Златан ја заврши за предност од 1:0.

Со овој резултат се замина на одмор, а во продолжение тимот на Стефано Пиоли за само шест минути ја заврши работата на овој натпревар.

Златан во 64. минута погоди за 2:0 после одличната асистенција од Хернандез, а потоа на сцена стапи Анте Ребиќ.

Хрватскиот напаѓач погоди во 69. и 70 миута за конечен резултат од 4:0.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Видео

Проверете

Рубен Дијаш потпиша нов договор со Манчестер Сити

Столбот во одбраната на Манчестер Сити – Рубен Дијаш, го продолжи договорот со клубо…