Дома Фудбал Лига на шампиони Ибрахимовиќ испиша историја: Верувале или не, тој е единствен во Лигата на шампионите што…

Ибрахимовиќ испиша историја: Верувале или не, тој е единствен во Лигата на шампионите што…

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед се поразени вечерва на гостувањето во Базел во мечот од групната фаза во ЛШ.

„Црвените ѓаволи“ го осигураа пласманот во нокаут фазата од ЛШ, но сигурно Жозе Мурињо не очекуваше пораз на својата екипа во Базел. Во финишот на мечот заигра и Златан Ибрахимович кој закрепна од тешката повреда на коленото поради која паузираше речиси седум месеци.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Ибрахимовиќ ги осигра последните 15тина минути од мечот, но долго ќе го памети овој меч во Базел. Имено, шведскиот напаѓач вечерва го запиша своето име во историјата на ова натпреварување, бидејќи стана првиот фудбалер кој некогаш воопшто во ЛШ настапувал за седум различни екипи.

Овој 36-годишен напаѓач во ЛШ, дебитираше во дресот на Ајакс, а подоцна играше и со Јувентус, Интер, Барселона, Милан, ПСЖ и Манчестер Јунајтед. Ибра претходно го делеше овој рекорд со Николас Анелка и Хавиер Савиоло кои играа за шест различни екипи во ЛШ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…