На Швеѓаните им оди подобро без Ибрахимовиќ, но тоа на легендарниот фудбалер изгледа не му пречи.
Би можеле да кажаме дека Златан Ибрахимовиќ ужива во МЛС лигата. Изминатата ноќ го постигна и својот 500-ти гол во кариерата.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Сепак, сигурно дека голем број фудбалски фанови имаа желба да го видат на Мундијалот со селекцијата на Шведска која сега се припрема за четвртфиналето против Англија.
На Шведска и оди одлично без Ибрахимовиќ кој по изјавата дека тој го освоил светот, а сега на ред е Шведска, сега повторно се огласи.
„Само нека продолжат со вакви игри на Мундијалот, тие се тежок ривал за секоја екипа и тешко е да им се даде гол, ако продолжат со ваквите настапи имаат добри шанси. Сепак сега не е само квалитетот во прашање, која репрезентација ќе успее да ги потисне своите емоции ќе има поголеми шанси. Мислам дека Шведска може да стане шампион на светот, тоа го кажав и пред почетокот на турнирот“.
„Го победија квалитетниот Мексико, сега и Швајцарија, имаат големи успеси зад себе, а никој не им даваше шанси. Тие веруваат во себе и се многу сложни, сега на ред е Англија и сите сме со нив. Сите Швеѓани се горди на националниот тим и ќе бидеме без разлика на исходот од четвртфиналето“, изјави Ибрахимовиќ.