Златан Ибрахимовиќ минатиот месец доживеа тешка повреда на натпреварот против Андерлехт во Лигата на Европа, и поради тоа ќе паузира неколку месеци.
Ибра го започна процесот на рехабилитација, пред него е голема борба да се врати во форма и да одигра барем уште една сезона пред крајот на кариерата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Златан не губи надеж, а тоа го потврдува и објавата што ја постави на Инстаграм, со опис „подготвен за финалето“.
Потсетуваме, Јунајтед во четврток го игра големото финале во Лигата на Европа против екипата на Ајакс. Овој натрпевар за „Црвение ѓаволи“ е од огромна важност бидејќи тоа е единствениот пат следната сезона да ги видиме во Лигата на Шампионите.