Дома Фудбал Италија Ибрахимовиќ: Ако бев во Милан од почетокот ќе го освоевме Скудетото

Ибрахимовиќ: Ако бев во Милан од почетокот ќе го освоевме Скудетото

Златан Ибрахимовиќ во свој стил ја прокоментира победата на „росонерите“ против Јувентус од 4:2.

Милан победи со пресврт и тоа откако губеше со 0:2. Ибрахимовиќ по натпреварот порача дека ако порано дошол во Милан „росонерите“ сега ќе се бореле за Скудетото.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Ако бев тука од почетокот на сезоната сега Милан ќе се бореше за Скудетото“, изјави Ибрахимовиќ, а потоа потврди дека ова се последни натпревари за него во дресот на „росонерите“.

„Дали ќе останам? Ќе видиме, има уште еден месец во кој сакам да се забавувам. Не знам кога последен пат фановите ме виделе во живо, но ова можат да бидат моите последни натпревари. Ако Сан Сиро беше полн вечерва ќе беше незаборавна вечер“, изјави 38-годишниот напаѓач.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Рома испрати понуда за Зиркзее, Манчестер Јунајтед бара повеќе

Раководството на Рома ја достави својата понуда до Манчестер Јунајтед за Џошуа Зиркзее. Сп…