Дома Фудбал Останато Зошто Реал не го сака Арсен Венгер?

Зошто Реал не го сака Арсен Венгер?

venger real madrid

Пред неколку години ја одби нивната понуда, но проблемот не е во тоа нешто друго е во прашање.

Реал Мадрид по оставката на Зинедин Зидан се поврзуваше со многу тренери: Алегри, Лев, Покетино, Маурицио Сари, Антонио Конте, Тите…Многумина веројатно се прашуваат зошто ниту еднаш името на Арсен Венгер не се поврза со „кралевите“.


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Арсен Венгер во овој момент е без ангажман, а во минатото неколку пати ги одбиваше „кралевите“ бидејќи имаше желба да продолжи во Арсенал, но сега не би имал никакви препреки.

Поранешниот фудбалер на Арсенал, Емануел Петит смета дека знае зошто Реал Мадрид во овој момент нема намера да го ангажира Венгер.

„Не го во Шпанија сега го гледаат како губитник. Работите во Мадрид се такви што Лигата на шампионите е првата цел, освен едно финале Венгер не направи ништо и тоа секако не е добра препорака“.

„Покрај тоа во клуб каде што претедателот се прашува за се мислам дека Венгер не е вистинска опција“, изјави Емануел Петит.
Во овие моменти за главен кандидат за клупата на Реал Мадрид важи нивниот поранешен играч и клупска легенда, Гути.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Официјално: Варан ја заврши кариерата!

Како и што се најавуваше Рафаел Варан објави крај на кариерата како фудбалер, а во иднина …