Дома Фудбал Англија Зошто Покетино го стави Кејн во игра кога водеше 0:6? – Причината е фантастична!

Зошто Покетино го стави Кејн во игра кога водеше 0:6? – Причината е фантастична!

Тренмере не беше достоен ривал на Тотенхем во вчерашниот натпревар од ФА Купот.

Тотенхем успеа да се пласира во 1/16 финалето на ФА Купот откако го совлада Тренмере со 0:7 на гостински терен.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Покетино на терен ги испрати резервите кои беа потпомогнати од Сон, Моура и Али, а кога резултатот беше 0:6 во игра влезе Хари Кејн.

На никого не му беше јасно зошто, но Покетино ја образложи својата одлука.

„Станува збор за почитување на противникот. Важно е да се почитува и домашната публика која дојде да го гледа Хари Кејн кој во овој момент е икона на англискиот фудбал“, изјави Покетино.

Кејн го постигна седмиот погодок во победата на Тотенхем.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Бразилецот кој го сруши ПСЖ направи трансфер во Премиер лигата!

Бразилскиот репрезентативец Игор Жезус премина од Ботафого во Нотингем Форест. Англискиот …