Менаџерот на Тотенхем Жозе Мурињо објасни зошто Герет Бејл нема голема минутажа во неговиот тим.
Репрезентативецот на Велс минатото лето стигна од Реал Мадрид во клубот во кој стена целона афирмација, меѓутоа во Премиер лигата запиша само четири натпревари и постигна еден гол.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Не сум спремен на Бејл да му давам време за играње. Сите знаеме со што се соочуваше. Сите знаеме дека дојде повреден…За Герет најважно е да биде доследен и да тренира без проблеми. Кога играчот тренира доследно под висок интезитет тогаш е спремен. Не е неопходно да игра по секоја цена, секоја минута на теренот мора да ја заработи“, изјави Мурињо.
Тотенхем вечерва во 1/16 финалето од ФА Купот ќе гостува кај Викомб.