Дома Фудбал Англија „Зошто Манчестер Јунајтед го доведе Ван Де Бек кога не му дава да игра?“

„Зошто Манчестер Јунајтед го доведе Ван Де Бек кога не му дава да игра?“

Поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Рио Фердинанд истакна дека не му е јасно поради што „црвените ѓаволи“ не го довеле Дони Ван Де Бек кога не му даваат шанса на теренот.

Холанѓанецот во летниот преоден рок дојде во Јунајтед за 40 милиони фунти. Играше на 27 натпревари оваа сезона, но само два пати како стартер. Во последно време се шпекулира дека 23 годишниот фудбалер ќе го напушти Манчестер Јунајтед.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


„Се сочувствувам со него. Кој и да си ако добиваше по две-три минути во натпревар не можеш да се покажеш. Затоа и мислам дека не е фер да се каже дека игра под очекувањата затоа што се уште не добил прилика. Би било интересно да се слушне што му било кажано пред да дојде, да знаел дека е вака тешко дека би се согласил“.

„Го гледав многу години во онаа година кога Ајакс дојде до полуфиналето од Лигата на шампионите. Импресивно беше како доаѓаше до шеснаесетникот, но истовремено можеше да игра повлечено, да ја чува топката и да го одржува темпото на натпреварот. Мислам дека има многу што да понуди на екипата. Во дуелот со Лестер беше дел од акцијата при голот, а кога е во казнетиот простор завршницата му е добра“, изјави Фердинанд.

Јунајтед во овој момент е втор на табелата во Премиер лигата со 57 бодови, 14 помалку од Манчестер Сити, еден повеќе од Лестер и шест од Челзи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Познато што правел Роналдо за време на погребот на Жота (Фото)

Диого Жота и неговиот брат трагично загинаа во страшна сообраќајна несреќа, а Кристијано Р…