Голманот на Борусија Менхенгладбах, Јан Зомер блесна во мечот против Баерн Минхен и запиша неверојатни 19 одбрани.
Фудбалерите на германскиот шампион испратија 20 удари во рамки на голот, но само еднаш го совладаа Зомер, па мечот заврши со резултат 1:1.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Зомер постави апсолутен рекорд во Германија, откако го надмина Александер Шволо од Херта, кој имаше дури 14 интервенции против баварскиот гигант.
Лирој Сане успеа да го спаси Баерн од пораз, откако Зомер цели 83 минути успешно го бранеше својот гол и не дозволи да му се затресе мрежата.
Yann Sommer masterclass for Gladbach vs Bayern Munich 🔥
— Lij (@ElijahKyama) August 27, 2022
He made 19 saves in the match which is a Bundesliga record. pic.twitter.com/TfFHatwR48