Реал Мадрид следното лето ќе се обиде на „Сантијаго Бернабеу“ да го доведе одличниот млад напаѓач, Килијан Мбапе.
Откако што Мадриѓаните не успеаа да го доведат Нејмар од ПСЖ ова лето, Реал ќе се фокусира на доведување на 20-годишниот Француски напаѓач. Според шпанскиот весник „Спорт“, Реал сега се сврти кон Мбапе поради тоа што Барселона е фаворит за доведување на Нејмар.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Истиот извор пишува на Зидан прва трансфер цел следното лето ќе му биде доведување на Мбапе, дури и пред Погба. Мбапе постигна 39 гола и запиша 17 асистенции во сите конкуренции за ПСЖ минатата сезона. Вреди да се напомене дека Мбапе доживеа повреда и ќе биде надвор од теренот еден месец.
Медиумите во Шпанија тврдат дека Зидан веќе го убедил неговиот сонародник да се пресели на „Бернабеу“, а навивачите на Реал со задоволство би сакале да го видат Мбапе во белиот дрес. Мбапе има договор со ПСЖ до 2022. година и не сакаше да потпише нов подобрен договор со францускиот шампион.