Дома Фудбал Лига на шампиони Зидан се огласи: Знам што е проблемот со Бензема

Зидан се огласи: Знам што е проблемот со Бензема

Фудбалерите на Реал Мадрид отпатуваа денес на Кипар каде утре ќе се сретнат со АПОЕЛ во мечот од групната фаза во ЛШ.

Кралскиот клуб не нуди партии кои се очекуваат од овој клуб и сега е јасно дека екипата на Зинедин Зидан се наоѓа во мала криза. Посебно тоа се однесува на нападот на Реал Мадрид, односно Карим Бензема и Кристијано Роналдо кои постигнаа три погодоци во досегашниот дел од сезоната.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


Бензема успеа само на два пати да ја затресе противничката мрежа во толку колку што одигра оваа сезона. Зидан знае дека францускиот напаѓач може повеќе, па е сигурен дека е само прашање на време кога Бензема ќе се врати во голгетерска форма.

„На напаѓачите им требаат голови за дополнителна самодоверба, но тој игра добро и екипата исто така. Кога ќе постигне еден гол, таа криза ќе исчезне, се надевам дека тоа ќе се случи утре. Тој е свесен дека може многу повеќе да понуди, но проблемот му е самодовербата, посебно кога не наоѓа шанса за гол“, истакна Зидан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Семењо има клаузула која би го олеснила трансферот уште во јануари

Крилото на Борнмут Антоан Семењо, кој е поврзуван со повеќе водечки клубови во Премиер лиг…