Дома Фудбал Зидан размислува за заминување од Реал, Перез веќе ја пронајде замената?

Зидан размислува за заминување од Реал, Перез веќе ја пронајде замената?

Шпанските медиуми синоќа објавија дека Зинедин Зидан повторно може да го напушти Реал Мадрид.

Зидан го напушти Реал Мадрид минатото лето после три последователни титули во ЛШ, но се врати на клупата пред неколку месеци кога Реал доживеа неверојатен пад.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Сепак, шпанските медиуми веќе шпекулираат за тоа дека Зидан повторно може да ги напушти Кралевите бидејќи наводно не е среќен поради атмосферата која владее во клубот, но и во соблекувалната.

Мадридски АС објави дека Зидан имал разговор со Флорентино Перез, му открил дека се уште има големи проблеми во екипата и дека не треба оваа сезона да се очекуваат некои спектакуларни резултати.

Нормално, тоа на Перез не му се допаднало, бидејќи претседателот на Реал секогаш сака неговиот тим да биде на врвот. Перез му рекол на Зидан дека слободно може да го напушти клубот доколку не е среќен, а замената за него брзо би ја пронашол.

Со Реал веднаш почна да се поврзува Жозе Мурињо, кој веќе десет месеци е без клуб откако доби отказ во Манчестер Јунајтед. АС пренесува дека Мурињо најверојатно ќе се врати во Реал доколку Зидан повторно го напушти клубот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Легендарниот голман од Премиерлигата се бори со две сериозни болести! Неговата ќерка ја сподели потресната вест

Поранешниот голман на Премиерлигата, Расел Хоулт (52), се соочува со две тешки дијагнози и…