Зинедин Зидан по враќањето на клупата на Реал Мадрид воведе навистина значајни промени, а една од промените се однесува на останувањето на главните ѕвезди во Мадрид.
Една од ѕвездите која беше на излезна врата од „Сантиаго Бернабеу“ секако беше Марсело. Бразилецот во времето на Солари го загуби првотимскиот статус и ја грееше клупата, нешто што раководството на Јувентус сакаше да го искористи.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
https://youtu.be/t0ugnSVQsXE
Зидан по неговото враќање на клупата јасно даде до знаење дека смета на искусните играчи со кои ги градеше успесите минатите години.
Па така Французинот му порачал на раководството на „кралскиот“ клуб дека Марсело не смее да биде продаден по никоја цена на лето бидејќи е еден од најдобрите играчи во светот на таа позиција.
Zinedine Zidane 'determined to keep Marcelo' https://t.co/c5RbiRtYdP #halamadrid #rmcf
— Sports Mole La Liga (@SMLaLiga) March 20, 2019