Дома Топ вести Зидан откри за тежината на повредата на Роналдо

Зидан откри за тежината на повредата на Роналдо

Фудбалерите на Реал Мадрид синоќа на гостувањето ремизираа против Барселона со резултат 2:2 во дербито на 36. коло во шпанската Ла Лига.

Барселона во два наврати имаше предност против Реал, но на крајот лутите ривали ги поделија бодовите. Првиот гол за Реал Мадрид го постигна Кристијано Роналдо, кој во тој момент заработи повреда после дуелот со Пике.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Роналдо побара лекарска помош поради болките во зглобот, но успеа да се врати на теренот. Иако играше до крајот на првиот дел на паузата Зидан одлучи да не ризикува и го остави Португалецот на клупата.

„Роналдо? Не е добар во овој момент, но мислам дека ништо не е озбилно. Верувам дека само доби само посилен удар. Ќе знаеме повеќе откако ќе ги помине тестовите, но верувам дека тоа е полесна повреда и не сум загрижен дали ќе игра во финалето на ЛШ.“ – изјави Зизу.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Битка помеѓу Њукасл и Ливерпул: Трансфер од 100 милиони евра може да доведе до уште поголем договор!

Актуелниот англиски шампион Ливерпул, иако веќе инвестираше 212 милиони евра ова лето за з…