Дома Фудбал Зидан: Моето срце е бело, не сакам да заминам!

Зидан: Моето срце е бело, не сакам да заминам!

После толку успешни години во Реал Мадрид, најпрво како играч, а потоа и како тренер, Зинедин Зидан се смета себе си за повеќе од обичен работник во клубот.

На пресконференцијата Зидан беше запрашан од страна на новинарите дали еден ден би можел да ја предводи Барселона.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Моето срце е бело, така беше и како фудбалер, така е и како тренер. Кога заврши мојата кариера како фудбалер добив многу понуди од други клубови, но јас бев категоричен дека сакам да останам тука. Така е и сега“, изјави Зидан.

Зидан утре против Гетафе ќе го води „кралскиот“ клуб по 100-ти пат. За тоа време Французинот освои многу трофеи, но повтори дека за него најважна е титулата во Примера.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Гаштаров ја напушти Ц. Звезда и замина на позајмица во Борац Чачак

Црвена Звезда реши да го испрати младиот македонски фудбалер Матеј Гаштаров на позајмица в…