Дома Фудбал Лига на шампиони Зидан: Мечот со Тотенхем е првото финале за нас!

Зидан: Мечот со Тотенхем е првото финале за нас!

Актуелниот тренер на Реал Мадрид, Зинедин Зидан истакна дека мечот со Тотенхем во Лигата на шампиони е многу важен за неговиот тим и сака да ги освои трите бода.

„Натпреварот со Тотенхем е првото финале во групата. Тоа е натпревар кој сигурно ќе им се допадне на љубителите на фудбалот. Се надеваме дека ќе успееме да победиме“. Истакна Зидан на пресконференцијата.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Формата на Иско е во нагорна линија. Многу ми се допаѓа како фудбалер. Може да игра на многу позиции. Најдобро се чувствува позади напаѓачите, но може да игра и во средниот ред“, заклучи Зидан, а на крајот го прокоментира и Хари Кејн.

„Кејн е многу добар напаѓач кој знае да го користи празниот простор. Не знам каде ќе игра во иднина, но сега е фудбалер на Тотенхем“, изјави Фанцузинот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Ван Нистерлој добива понуда од Премиер лигата

Руд ван Нистерлој беше помошник на Тен Хаг во Манчестер Јунајтед, а потоа и на четири меча…