Дома Фудбал Зидан и се заблагодари на Македонија и порача: Ние никогаш не се заморуваме од победи!

Зидан и се заблагодари на Македонија и порача: Ние никогаш не се заморуваме од победи!

Зинедин Зидан ја продолжи трофејната низа како тренер на Реал Мадрид, откако пред два месеци ја одбрани титулата во Лигата на шампионите, во Скопје успеа да го одбрани и трофејот во Суперкупот на УЕФА.

„Ова е тим што секогаш е гладен и сака повеќе. Вечерва бевме перфектни, во првото полувреме бевме одлични, но во второто беше потешко, но ова е еден натпревар. Ако успеавме да постигнеме трет гол преку Бејл тогаш ќе беше поинаку. Ние никогаш не се заморуваме од победување“ изјави Зидан по победата.


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Тренерот на Реал на прес конференцијата не пропушти да им се заблагодари на македонските фанови за поддршката која клубот ја доби во изминатите два дена.

„Од првата минтута бевме одлични до самиот крај. Се беше во ред, бевме примени топло, на стадионот имаше многу навивачи. Сакаме да им се заблагодариме на подршката и на сите кои го сакаат овој клуб, тука во Македонија имаме многу навивачи“, потенцираше Зизу.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ниту Фергусон повеќе не верува во Тен Хаг, легендата има свој фаворит

Maнчестер Јунајтед во последниот викенд во Премиер лигата ја продолжи лошата форма откако …