Дома Фудбал Останато Зидан и Карлос за незаборавниот гол од финалето во 2002: Се беше лошо освен волејот (ВИДЕО)

Зидан и Карлос за незаборавниот гол од финалето во 2002: Се беше лошо освен волејот (ВИДЕО)

Eден од најдобрите голови во историјата на Лигата на шампионите беше постигнат во финалето во ова натпреварување во 2002 година кога Реал Мадрид го победи Баер Леверкузен со 2:1, стрелец на голот беше Зинедин Зидан.

Лигата на шампионите низ својата историја памети многу спектакуларни голови, но ретко се случувало во толку важен натпревар да се изведе такво ремек-дело.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Се играше 45. минута, а на семафорот беше 1:1 кога Сантијаго Солари испрати топка за Роберто Карлос. Карлос испрати топка на работ од шеснаесетникот, таму се најде Зидан кој иако топката имаше чудна патека успеа со чудесен волеј да ја смести во мрежата.

Двајцата мајстори сега се потсетија на тој гол.

„Мојата асистенција беше одлична“, исттакна Карлос низ смеа.

Потоа Бразилецот го праша Зидан дали има навика денес понекогаш да го погледне тој гол.

„Се обидувам да го повторно тој удар, но невозможно е. Тоа се случува еднаш во животот“, одговори Зидан.

„Мислев дека може да се најде некој таму, но не мислев дека ќе биде тоа Зидан. Топката стигна таму каде што требаше. Топката која ја испрати Солари кон мене беше навистина лоша, како и мојот центар шут. Се беше лошо, освен твојот волеј“, призна легендарниот Карлос.

На крајот се потсетија на двата гола на Зидан против Бразил во финалето на Светското првенство во 1998 година кога двајцата беа на спротивни страни.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Роналдо не крие: Сакам да сум претседател

Бразилската фудбалска легенда, Роналдо ја потврди желбата да стане претседател на бразилск…