Дома Фудбал Останато Зидан и дефинитивно кажал „не“ на богатата понуда од Париз – познати и причините!

Зидан и дефинитивно кажал „не“ на богатата понуда од Париз – познати и причините!

Легендарниот Зинедин Зидан (49) донел одлука дефинитивно да ја одбие понудата на францускиот шампион ПСЖ да ја преземе тренерската позиција од Маурицио Покетино.

Тимот од Париз со сите сили се обидува да го ангажира Зидан за тренер. Во претходниот период раководството на клубот имаше неколку разговори со него, но Зизу им се заблагодарил за интересотѕ и им кажал конечно „не“.

Причините за одбивањето на понудата, која беше финансиски неверојатна, се навистина чудесни, а Зидан покажа дека е човек од принципи.

Бидејќи е роден во Марсеј, луѓето во овој град би го прогласиле за предавник поради големото ривалство со Париз. Исто така, еден од факторите е почитувањето на Реал Мадрид, после кој наводно не сака да биде тренер на ниту еден друг клуб.

Но, најголемата причина е репрезентацијата на Франција. Зидан по Светското првенство во Катар многу веројатно ќе стане нов селектор на „триколорите“. Тој е главниот кандидат за замена на Дидие Дешам, па ПСЖ едноставно немаше шанси за потписот на Зидан и покрај богатата понуда.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Бразилски новинар го критикуваше Жесус: Португеса е поголем клуб од Арсенал!

Бразилскиот напаѓач Габриел Жесус пред неколку дена официјално беше претставен како ново з…