Дома Фудбал Зидан за пишувањата дека Мурињо може да се врати: Не можам да кажам дека не ме загрижува

Зидан за пишувањата дека Мурињо може да се врати: Не можам да кажам дека не ме загрижува

Пред натпреварот на Реал против Галатасарај тренерот на Реал Мадрид Зинедин Зидан одржа прес конференција.

Реал не ја отвори добро сезоната во Лигата на шампионите, а во натпреварот против Галатасарај влегуваат после поразот од Мајорка со 1:0.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


После тој натпревар се зголемија гласините за враќањето на Жозе Мурињо, а Зидан призна дека тоа го загрижува.

„Во фудбалот лесно се заборава минатото и она што сме го направиле. Она што го постигнав со Реал припаѓа на минатото. Не можам да ви кажам дека не ме загрижува оваа ситуација, ми пречи, но она што треба да го направиме е да дадеме се од себе и да размислуваме позитивно како и секогаш“.

„Пред нас е важен натпревар во Лигата на шампионите и знаеме во каква ситуација сме. Ќе се обидеме да победиме. Утре одиме на уште еден натпревар кој може да ја промени ситуацијата ќе се обидеме тоа да го направиме“, изјави Зидан.

Реал Мадрид има само еден бод после првите две кола. Тимот на Зидан запиша пораз од ПСЖ и ремизираше со Клуб Бриж.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ед Ширан во транс: Каква прослава на познатиот пејач откако Ипсвич даде гол против Јунајтед

Фудбалерите на Ипсвич со голoт против Манчестер Јунајтед успеаја да ги кренат на нозе сите…