Реал Мадрид утре игра против Хуеска.
Уште на дебито после враќањето во Мадрид Зидан направи промени во стартните 11 на Реал Мадрид, а во тимот се вратија: Кејлор Навас, Марсело, Иско и Герет Бејл, меѓутоа изгледа Зидан како само да се загреваше бидејќи за утрешниот натпревар против Хуеска на списокот ги нема Тони Крос, Лука Модриќ и Марко Асенсио. На нивно место ќе бидат Маркос Љоренте и Лукас Васкез.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Навистина, Хуеска е во долниот дел од табелата и тоа му дозволува на Зидан да ги одмори играчите, но шпанските медиуми овие денови секој чекор на Зидан го следат со големо внимание. Се ичекува летото кога треба во Мадрид да пристигнат голем број засилувања.
Зидан во главно одбиваше да зборува на таа тема, но новинарите беа упорни за двајца. Прво за Килијан Мбапе бидејќи „Франс Фудбал“ неодамна објави дека Реал е спремен да плати 280 милиони евра за неговите услуги. За неговите квалитети Зидан не зборуваше, но индиректно го пофали со тоа што потенцираше дека за таков играч не постои „превисока цена“.
„Не можеме да кажеме колку тој вреди. Тоа го кажуваат клубовите кои преговараат. Кога јас доаѓав во Реал, цената беше 70 милиони евра и тогаш се тврдеше дека таа сума е луда, а сите гледате што се случува денес“.
Потоа за Пол Погба…
„Погба навистина ми се допаѓа и тоа не е никаква новост. Се познаваме, тој е поинаков играч од сите останати, може и да напаѓа и да се брани…Секогаш ми зборуваше дека ако заминува од Манчестер Јунајтед, би сакал да дојде во Реал. Но не поради Зидан, туку поради Реал“, изјави Зизу.
Натпреварот помеѓу Реал и Хиеска се игра утре во 20:45 часот.