Дома Фудбал Зидан доби одлични вести пред Леванте и ПСЖ

Зидан доби одлични вести пред Леванте и ПСЖ

0

Реал Мадрид овој викенд во рамките од 4-тото коло во Ла Лига ќе игра против Леванте на „Сантијаго Бернабеу“.

Екипата на Зинедин Зидан во последните два натпревари запиша два нерешени резултати, па победата е императива, а стратегот на Реал сега доби добри вести.

Имено, Еден Азар и Хамес Родригез го одработиле денешниот тренинг со остатокот од тимот и ќе бидат на располагање на Французинот за натпреварот против Леванте.

Двајцата играчи беа повредени, иако Азар доби повик за репрезентативните обврски, сепак беше брзо пуштен назад и не играше за Белгија, додека Родригез цело време остана во Мадрид.

Реал има уште неколку повредени играчи, Брахим Диаз одработи некои вежби со првиот тим пред да премине на индивидуалните тренинзи.

Од друга страна Марко Асенсио и Иско продолжија со истата постапка на опоравување.

Наредната недела Реал игра натпревар во Лигата на шампионите против ПСЖ и сигурно дека враќањето на Азар и Родригез многу значи за Французинот.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Фудбалерите на Вотфорд добија понуда за утеха од Миа Калифа (ФОТО)

Познатата поранешна актерка во филмовите за возрасни одново се огласи за случувањата во фу…