Дома Фудбал Фијаско на фудбалерите на Реал: Требаше да го добие дресот со број 10, а на крајот ќе го избркаат од Мадрид

Фијаско на фудбалерите на Реал: Требаше да го добие дресот со број 10, а на крајот ќе го избркаат од Мадрид

Реал Мадрид се пласираше во четвртфиналето на Светското клупско првенство, а еден од подобрите играчи на Кралевите по елиминацијата на Јувентус дозна дека брзо ќе го напушти тимот. Интересно е што неодамна побара број 10 со оглед на тоа дека Лука Модриќ заминува, но го дочека студен туш.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Според „Дефенса Сентрал“, Алонсо му пренел на Родриго дека може да биде продаден до крајот на преодниот рок и Флорентино Перез очекува заработка од околу 80 милиони евра.

Иако јавно е прилично благ по прашањето на Родриго, фактот дека на најважните натпревари на СП за клубови не доби минута игра зборува сам за себе.

Следната сезона се одржува Светското првенство, а напаѓачот не сака да го пропушти тој турнир, сака да игра за репрезентацијата и затоа и самиот ќе бара излез.

Како што стојат работите сега, Родриго ќе го напушти Реал по завршувањето на Светското првенство за клубови и дури по враќањето на екипата во Мадрид ќе почнат преговорите.

Најверојатно во Реал сметаат дека целиот трансфер би можел да се одолжи и да потрае до август, за да се задоволат сите страни – купувачот, продавачот и самиот играч.

Интересно е дека Родриго неодамна беше споменуван како можен наследник на „десетката“ на Лука Модриќ, кој заминува по 13 години и е при потпишување со Милан.

Фото: Грок АИ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барселона е на чекор да изгради моќен напад со кој ќе ја нападне Лигата на шампионите!

Каталонскиот клуб има амбиција да донесе уште едно големо засилување во нападот… Зош…