Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан го напушти Мадрид и со тоа ги прекрши мерките за самоизолација.
Зидан, наводно, отишол во село во близина на Мадрид, каде купил имот минатата година, а за кршење на правилата ќе мора да плати казна од 1.500 евра.
Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓
Иако тој не заминал далеку, доволно било само да се излезе од Мадрид и да биде казнет, иако за него таа сума нема да претставува проблем.
Претходно беше изјавено дека шпанското првенство ќе продолжи во јуни, а Реал Мадрид започна со колективни тренинзи.