Дома Фудбал Зидан вечерва го одмара Роналдо

Зидан вечерва го одмара Роналдо

Реал Мадрид вечерва ќе го одигра натпреварот од 26. коло во Ла Лига против Еспањол.

Кралскиот клуб во Барселона ќе биде без Кристијано Роналдо, на кој Зидан му даде слободен ден за да го одмори пред реваншот против ПСЖ во Лига на шампиони.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Португалецот вечерашниот натпревар ќе го проследи од трибините, кој исто така одмараше и на натпреварот против Леганес минатата недела.

На местото на Роналдо во првата постава на Реал Мадрид ќе се најде Марко Асенсио.

Кристијано Роналдо оваа сезона одигра 31 натпревар за Реал и постигна 28 погодоци, а моментално се наоѓа во феноменална голгетерска форма.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Јокиќ донесе посебна одлука: Нема повеќе да… (Видео)

Никола Јокиќ повторно ја воодушеви НБА лигата – трипл-дабл за само 22 минути и побед…