Дома Фудбал Зидан: Антимадридисти секогаш ќе има, но нашите фанови ги има се повеќе и повеќе!

Зидан: Антимадридисти секогаш ќе има, но нашите фанови ги има се повеќе и повеќе!

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан изјави дека фановите на „кралскиот“ клуб се многу побројни од анти-фановите и дека е среќен што е дел од таков клуб.

Во последните неколку дена Реал Мадрид е жестоко критикуван за помош од судиите, но според Зидан тоа се само луѓе кои љубоморат на нивните успеси.

Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони


„Секогаш имало антимадридисти, меѓутоа фановите на овој клуб секој ден ги има повеќе и повеќе. Ова е најголемиот клуб во светот и ги има најдобрите фанови. Секој ден не има се повеќе. Поради тоа јас гледам повеќе позитивно отколку негативно“, истакна Зидан.

„Сега е различно со социјалните мрежи. Пред 10-15 години вакви нешта не се случуваа, но сега се случуваат. За мене е важно секој ден да се појавуваат нови фанови на овој клуб ширум светот“, додаде Зизу.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Исвиркан беше Јамал пред церемонијата

Ламин Јамал беше исвиркан во Париз. Делегацијата на Барселона, која ги вклучуваше 18-годиш…