Репрезентативецот на БиХ, Миралем Пјаниќ ова лето е на мета на разни шпекулации околу евентуално напуштање на Јувентус. Пјаниќ беше на метата на Барселона и Сити, но Јуве одби да го продаде, но сега во борбата се вклучи и Реал Мадрид.
Барселона во неколку наврти се обиде да го донесе Пјаниќ ова лето, но Каталонците на крајот не сакаа да ја платат бараната сума од 80 милиони евра. Покрај Барса, интерес за Пјаниќ покажа и Сити, но клубот од Манчестер не испрати официјална понуда.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Кога се чинеше дека се е завршено и дека Пјаниќ ќе остане во Јувентус утрово Тутоспорт објави дека на адресата на Старата дама пристигнала нова понуда. Имено, Пјаниќ во своите редови го посакува Реал Мадрид кој е спремен да плати 60 милиони евра.
Кралскиот клуб брзо делуваше и испрати понуда за Пјаниќ, но Јувентус веднаш ја одбил и му порачал на Реал дека играчот чини 80 милиони евра. Јуве ќе го сочека крајот на преодниот рок, а доколку Пјаниќ остане во Торино тогаш со Старата дама ќе потпише нов договор.
Пјаниќ моментално во Јувентус годишно заработува 4.5 милиони евра, но доколку го продолжи договорот до летото 2023. година тогаш ќе добие повисока плата и ќе заработува два милиони повеќе.