Дома Фудбал Англија За Раниери српскиот голгетер е еден од најдобрите во светот

За Раниери српскиот голгетер е еден од најдобрите во светот

Менаџерот на Фулам, Клаудио Раниери е импресиониран од настапите на српскиот напаѓач, Александар Митровиќ.

Раниери е искусен стратег кој работеше големи имиња во светскиот фудбал, но според него малкумина се оние кои се снаоѓаат подобро во шеснаесетникот од српскиот голгетер.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


„За мене Митровиќ е еден од најдобрите напаѓачи во Европа. Кога ќе кажеме во Европа, слободно можеме да кажеме и во светот. Има само 24 години, тој е фантастичен играч. Важно е само да му ја дадеме топката, а тој може да ја проследи до некој или да го заврши нападот со реализација“, изјави италијанскиот стратег.

Фулам под водсто на Раниери во последното коло против Саутемптон стигна до победа од 3:2, Митровиќ беше стрелец на два погодоци.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Мбапе за дербито со Атлетико нема да биде ниту на трибини

Реал Мадрид ќе биде без Килијан Мбапе во вечерашното дерби, а Французинот нема да биде нит…