Дома Останати Тенис За првпат по 18 години Надал нема да биде во топ 10

За првпат по 18 години Надал нема да биде во топ 10

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал ќе ги пропушти турнирите во САД поради повреда, па така за првпат по 18 години ќе испадне од топ-10 на АТП-листата.

Надал има проблем со мускул на слабините, па поради тоа нема да игра на Индијан Велс и во Мајами, односно го чека пауза од шест до осум недели.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Шпанецот се очекува да се врати на турнирот во Монте Карло, каде што освои 11 титули во кариерата.

Надал во моментов е на осмата позиција со 3.315 бодови, но ќе загуби 600 поради тоа што нема да настапи на следните турнири и тоа значи испаѓање од топ-10.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Првиот ден на Ролан Гарос ќе помине во чест на Рафаел Надал (Фото)

Раководството на Ролан Гарос соопшти дека ќе оддаде посебна чест на живата легенда на овој…