Роџер Федерер во последните два дена е специјален гостин на Вимблдон, турнирот на кој е рекордер по бројот на освоени титули, но Ѓоковиќ може да го стигне ако триумфира оваа година.
Федерер има осум титули на неофицијалното светско првенство, додека Ѓоковиќ е на седум. Со години се пишува дека големото ривалство помеѓу двајцата тенисери довело и до несогласувања, но често пати нивните изјави во медиумите тоа го демантирале.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сега Федерер изјави дека посакува Ѓоковиќ да го освои Вимблдон.
„Новак е голем, голем фаворит. Искрено се надевам дека ќе го освои Вимблдон. Имав свои моменти и јас, петте титули во низа или оној осми трофеј…Ако некој го израмни тоа или престигне, добро е за тенисот. Ѓоковиќ ги поместува границите и испишува нова историја, неговата 23-та титула на гренслем турнирите е нешто неверојатно. Игра и се одлично, би било изненадување ако не го освои пехарот“, изјави Федерер.
Улогата на прв носител сепак ја има Карлос Алкараз кој турнирот го започна од првата позиција на АТП листата.
„Очекувам во иднина да оствари неверојатни работи и да освои многу гренслем турнири. Ќе ми биде интересно да го гледам на овие први мечеви на Вимблдон. Тука е лизгаво, се игра помеко и морате да го имате тој дополнителен чекор. Но, Карлос е одличен и има се за да победува, убеден сум дека ќе има многу успешна кариера“, додаде Швајцарецот.