Дома Фудбал За Барселона вчера заигра дете од 16 години

За Барселона вчера заигра дете од 16 години

Mладиот фудбалер на Барселона, Ансу Фати вчерашниот датум ќе го памети до крајот на животот.

Овој талентиран фудбалер од Гвинеја-Бисао дебитираше за каталонскиот тим и стана вториот најмлад дебитант во историјата на клубот.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Ансу на терен влезњ во 78-та минута и до крајот одигра солиден натпревар, успеа да упати и еден шут кој заврши покрај стативата од голот на Бетис.

Со 16 години и 298 дена тој стана вториот најмлад дебитант во историјата на клубот, а првиот ќе биде тешко да се симне од врвот.

Тоа е Паулињо Алкантара. Тој дебитираше за клубот пред скоро 100 години, односно 1921 и имаше 15 години, четири месеци и 18 дена.

Алкантара е еден од најдобрите играчи во историјата на клубот, постигна 367 голови на 357 натпревари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Алонсо доби ужасни вести: Ѕвезда на Реал три месеци надвор од теренот, ќе пропушти 17 натпревари

Многу лоши вести пристигнаа денес за навивачите на Реал Мадрид, но и за тренерот на овој т…