Дома Фудбал Застрашувачки бројки на Хари Кејн. Погледнете што прави чудесниот Англичанец оваа сезона

Застрашувачки бројки на Хари Кејн. Погледнете што прави чудесниот Англичанец оваа сезона

Пласман во осминафиналето на Лигата на шампионите обезбеди Баерн во групата А.

Баварците во мечот од 4.коло го победија Галатасарај со 2:1, а сите три гола дојдоа во последните 10 минути.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Баварците долго го кршеа отпорот на турскиот тим, а поведоа во 80. минута со голот на Хари Кејн. Шест минути подоцна англискиот напаѓач ја затвори приказната погодувајќи за 2:0.

Кејн можеше да постигне гол во 53. минута, но ја погоди стативата. Турците го ублажија поразот во третата минута од судиското надополнување со голот на Седрик Бакамбу.

Бројките на Хари Кејн се посебна приказна. Англискиот напаѓач кој летово пристигна во Баерн за 95 милиони евра од Тотенхем ги уништува противниците и во Бундес лигата и во Лигата на шампионите.

Кејн оваа сезона одигра 15 натпревари во сите натпреварувања и постигна 19 голови и имаше седум асистенции.

На последните пет натпревари постигна 10 гола и запиша две асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ваква магија не се памети: Стопер постигна гол со рабона надвор од шеснаесетникот! (Видео)

Вчера вечер беше одигран дванаесеттиот круг од Ботола Про лигата во Мароко, каде што се ви…