Судот во Торино денес ќе разгледува дали треба да биде отворена постапка против поранешниот претседател на Јувентус, Андреа Ањели и уште 11 луѓе од претходното раководство на „старата дама“.
Денес е првиот ден од сослушувањето кое ќе се одвива зад затворени врата. Очекувањата се процесот да трае неколку месеци, а потоа судијата Марко Пико да донесе одлука што ќе биде во овој случај.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Во декември минатата година обвинителството поднесе неколку барања за почеток на судењето околу истрагата за незаконско финансиско работење во клубот во изминатите три години.
Се истражуваа трансферите на играчите, но и дали Јувентус во текот на пандемијата со коронавирусот само на „хартија“ ги намалил платите на играчите. Ваквата ситуација доведе до одземање на 15 бодови на Јувентус во Серија А, а клубот се жалеше и очекува позитивен исходот за враќање на бодовите до крајот на сезоната.