Дома Трансфер зона Започна чистката во Мадрид: Тој е прв кој си замина, сега и официјално!

Започна чистката во Мадрид: Тој е прв кој си замина, сега и официјално!

По доаѓањето на Еден Азар, Едер Милитоа, Родриго Гоеш, Лука Јовиќ и Ферландо Менди шпанскиот гигант Реал Мадрид започна со чистката.

Прва жртва беше Маркос Љоренте. Вчера официјално беше потврдено дека за 40 милиони евра играчот ќе биде продаден на градскиот ривал, Атлетико Мадрид.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Така, Реал барем малку ќе ги ублажи трошоците од тие 305 милиони евра колку што платија за засилувања. Единствено име кое сега остана на листата на играчи кои Зидан ги сака е Погба. Францускиот играч за врска ќе чини најмалку 150 милиони евра, меѓутоа Мадриѓаните имаат уште играчи на продажба.

Прво Хамес Родригез па потоа, Тео Хернандез и Мартин Одегард. Тука е и Герет Бејл чија иднина во клубот е под знак прашалник и тешко дека ќе пронајде нов клуб кој ќе ги плати тие трошоци. Поради тоа Велшанецот не се брза од Мадрид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

ПСЖ го сака Рашфорд, му нуди трампа на Јунајтед

Луис Енрике сака да го засили нападот во зимскиот преоден рок, а прва желба е ѕвездата на …