Дома Фудбал Останато Започна борбата за парите од трансферот на Сала: Нант отвори постапка!

Започна борбата за парите од трансферот на Сала: Нант отвори постапка!

Не престануваат вестите за Емилијано Сала дури и откако играчот беше погребан.

Нант одлучи да се жали на ФИФА откако Кардиф не го испочитува рокот за првата уплата од пет милиони фунти за Емилијано Сала.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Првата рата од трансферот на аргентинскиот напаѓач кој настрада во авионската несреќа на 21-ви јануари требаше да се исплати до вторникот, но клубот од Премиер лигата одлучи да ја стопира исплатата додека трае истрагата за падот на авионот.

Оштетата за Сала во износ од 15 милиони фунти требаше да биде исплатена на три рати, а Нант го извести Кардиф дека првата рата требаше да биде платена до 20-ти февруари.

Клубовите подоцна се сложија да го продолжат рокот за уште една недела, но помина и тој рок, а од Кардиф немаше никаква реакција. Според пишувањето на францускиот Л’Eкип Нант ја контактираше ФИФА за да донесе пресуда за овој случај.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Објавен составот на Реал Мадрид за новата сезона со Алонсо на клупата (Фото)

Во последниве недели се шират шпекулации дека Чаби Алонсо ќе стане новиот тренер на Реал М…