Дома Топ вести Започна битката за нивниот потпис: Овие ѕвезди ќе бидат слободни агенти (фото)

Започна битката за нивниот потпис: Овие ѕвезди ќе бидат слободни агенти (фото)

Летниот преоден рок штотуку заврши, а клубовите веќе почнуваат да прават планови за следниот трансфер прозорец.

Многу големи фудбалски ѕвезди ширум Европа влегуваат во последната година од договорот и веќе во јануари ќе бидат слободни да преговараат со заинтересираните клубови и да потпишат преддоговор.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


За некои од нив клубовите ќе направат се за да ги убедат да ставапт потпис на нов договор, а некои сигурно ќе бидат продадени во јануари со цел да заработат на нив.

Сепак, списокот на фудбалери кои следното лето ќе бидат слободни агенти е импресивен, па клубовите ширум Европа веќе работат на нивни ангажман.

Предводник е секако ѕвездата на Тотенхем, Кристиан Ериксен кој јавно соопшти дека нема да го продолжи договорот, како и Вилијан од Челзи, Кавани од ПСЖ…

На листата се наоѓа и еден од најдобрите голмани во светот, Давид де Геа, кој веќе подолго време е во преговори со Манчестер Јунајтед, а последните информации говорат дека двете страни се блиску да ја продолжат соработката.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Вакво нешто не се памети во Македонија: РК Вардар спектакуларно го претстави новиот дрес! (Видео)

Ракометниот клуб Вардар ги одбројува последните денови до почетокот на новата сезона, а по…