Дома Фудбал Италија Занети му одговори на Манчини: Не играат Италијанците, туку најдобрите

Занети му одговори на Манчини: Не играат Италијанците, туку најдобрите

Легендарниот фудбалер на „нероаѕурите“ не се сложува со поранешниот стратег на Интер и сегашен селектор на репрезентацијата на Италија, Роберто Манчини.

Занети кој е сега ја извршува должноста потпретседател на Интер зборуваше за изјавата на селекторот Роберто Манчини дека клубовите од Серија А би требало поголем простор да им даваат на младите италијански фудбалери.

Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст


Аргентинецот смета дека тоа не е баш така едноставно.

„Откако Италија не успеа да се пласира на Свтското првенство мислам дека треба да направи се за да го подигне квалитетот на младите фудбалери. Манчини сигурно е вистинскиот човек за такво нешто, но мислам дека во клупскиот фудбал треба да играат најдобрите без оглед на националноста“, изјави Занети па ја објасни својата изјава.

„Просто е – играат најдобрите. Репрезентацијата на Италија треба да започне од почеток и потребни им се најдобрите млади играчи. Сите сме среќни кога италијански фудбалер е добар на теренот, тоа добро се одразува и на младинските категории“, заклучи Аргентинецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Интер го доведе првото засилување за следната сезона

Џузепе Марота не чека, туку е тука првиот играч кој пристигнува во Интер! Клубот од Милано…