Aргентинскиот напаѓач Гонзало Игуаин ќе го раскине договорот со Јувентус веднаш по завршувањето на актуелната сезона.
Искусниот 32 годишен напаѓач има уште една година од договорот со клубот од Торино, но според информациите на „Газета дело Спорт“ двете страни договориле раскинување на соработката по завршување на сезоната во Лигата на шампионите.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Игуаин после долгогодишниот престој на „Стариот континент“ кариерата би требало да ја продолжи надвор од Европа. Се поврзува со преминување во МЛС лигата, но и враќање во Ривер Плата.
Аргентинецот во претходните четири години беше под договор со Јувентус. Одигра 147 натпревари и постигна 66 голови, а беше позајмуван во Челзи и Милан.
Пред Јувентус го носеше дресот на Наполи, Реал и Ривер.