Дома Трансфер зона Заборавениот Пато во јануари се враќа на голема врата?

Заборавениот Пато во јануари се враќа на голема врата?

Поранешниот напаѓач на Милан и Челси, Александар Пато би можел во јануари да се врати на голема врата.

Некогаш една од најголемите надежи во светскиот фудбал “пропадна“, но денеска има само 29 години што многумина неможат да поверуваат бидејќи поминаа барем 10 години откако кариерата почна да му оди во надолна линија.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Пато денеска игра во Кина за екипата Тианјин за која во тековната сезона постигна 15 погодоци во 21 натпревар, а со оглед дека сезона во Кина се ближи кон крајот се поизвесно е дека Пато во јануари ќе се врати во Европа.

Како што пренесуваат италијанските медиуми Пато е голема желба на Милан, кој сака да го ангажира во јануарскиот преоден рок, односно да го врати во своите редови.

Истите медиуми пренесуваат дека прва желба е Ибрахимовиќ, но ако не дојде до тој трансфер, тогаш Пато може да се врати во старото јато.

Инаку, Пато во Милан помина пет ипол години во периодот од 2007. до 2013. година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Јувентус повторно се обидува да го врати Коло Муани

Јувентус повторно ја разгледува можноста за враќање на напаѓачот Рандал Коло Муани во клуб…