Многумина веројатно и заборавиле дека чилеанскиот фудбалер, Алексис Санчез доби шанса од страна на „Оле Гунар Солскјер“ во финишот од натпреварот против Манчестер Сити.
Солскјер кога губеше со 2:0 мораше да посегне по Алексис кој е бледа сенка на оној фудбалер кој некогаш беше страв и трепет за противничките одбрани во Англија.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Колку е лош оваа сезона покажува фактот дека за 791 минути премиелигашки фудбал постигнал само еден гол. Навивачите на Јунајтед не очекуваат повеќе ништо од него и сакаат да си замине, но вчера во последните 12 минути мораа да го гледаат.
Како што се очекуваше Алексис не ги израдува, а лошата форма ја потврди со тоа што за тие минути на теренот оствари само еден контакт со топката…
После ова и сезоната во која беше лош, извесно е дека „црвените ѓаволи“ ова лето ќе направат се за да го продадат – на било кого, за било какви пари само да се ослободат од неговите огромни примања.