Бразилската легенда, Жунињо Пернамбукано удри по Нејмар кој според него го интересираат само парите.
Според него, алчноста во менталитетот на Бразилците дојде до израз и кај неговиот сонародник, кој поради пари се преселил во ПСЖ.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Во Бразил, ние сме научени да се грижиме само за парите, додека во Европа луѓето имаат поинаков менталитет. И јас бев научен да одам таму каде што плаќаат повеќе. Ова е бразилскиот начин. Нејмар потпиша договор со ПСЖ само заради пари“, вели Жунињо.
„Парискиот клуб му даде се што сакаше, а сега тој сака да си замине пред крајот на неговиот договор. Нејмар мора да даде се што има на теренот, да покаже целосна посветеност и лидерство. Проблемот е во тоа што Бразил има култура на алчност. Тие секогаш сакаат повеќе пари“, изјави Жунињо.
Нејмар во ПСЖ дојде во 2017 година за рекордни 222 милиона евра и стана најскапиот фудбалер во историјата на фудбалот.