Дома Трансфер зона Жоржињо на пат кон Островот: Наполи ја одреди цената!

Жоржињо на пат кон Островот: Наполи ја одреди цената!

Раководството на Наполи ја одреди цената за која може да се раздели со својот плејмејкер Жоржињо, пренесуваат италијанските медиуми.

Жоржињо е еден од најважните фудбалери во тимот на Сари, па го привлече вниманието на многу европски гиганти, пред се на клубовите од Премиер лигата.


1/8 финале: Италија и Германија фаворити, но ... ↓↓↓


„Газета дело Спорт“ пренесува дека раководството на Наполи е спремно да се раздели со плејмејкерот доколку во клубот пристигне понуда од 40 милиони евра.

Бразилецот со италијански пасош е трансфер мета на клубовите од Манчестер и Челзи, па оваа сума сигурно нема да претставува проблем за клубовите од Англија.

Најсериозен интерес за Жожињо покажува Манчестер Сити бидејќи Гвардиола во него гледа идеална замена за Јаја Туре, па големи се шансите плејмејкерот од следната сезона да го гледаме на „Етихад“.

Жоржињо има просек од 94,7 паса по натпревар и по тој показател е далеку пред останатите во Серија А.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал тргнува по Жил Кунде

Англискиот гигант Арсенал е силно заинтересиран за дефанзивецот на Барселона и француски р…