Дома Фудбал Жорди Алба му се приклучи на Меси: Нема потреба самите да се мачкаме со го*мна

Жорди Алба му се приклучи на Меси: Нема потреба самите да се мачкаме со го*мна

Левиот бек на Барселона, Жорди Алба даде свое мислење за темата која го „раздрма“ клубот во последните денови.

Како што е познато спортскиот директор на Каталонците, Ерик Абидал даде провокативен коментар со кој ги обвини некои од играчите дека не давале се од себе кај претходниот тренер Ернесто Валверде.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Тоа предизвика остра реакција на капитенот Лионел Меси, а потоа скандалот беше разрешен откако се замеша и претседателот Бартомеу.

Меѓутоа, вчерашното отпаѓање од Купот против Билбао покажа дека тензиите во клубот се уште не се смириле.

„Против овој клуб се фрлаат доволно го*на од страна, нема потреба ние самите да се мачкаме со го*на. Абидал беше играч кој беше сакан од фановите, па би требало да знае што се случува во една соблекувална и како се чувствуваат играчите“, изјави Алба и отворено застана на страната на Меси.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Maкедонскиот Престон Лајонс ќе игра против Вардар и Пелистер во Македонија!

Австралискиот фудбалски клуб предводен од Македонци, Престон Лајонс, ја најави својата прв…