Дома Фудбал Англија Жоао Феликс: Нема притисок, но мора да победиме против Дортмунд

Жоао Феликс: Нема притисок, но мора да победиме против Дортмунд

Новата ѕвезда на Челзи,Жоао Феликс верува дека наскоро ќе се променат резултатите на тимот и е оптимист пред утрешниот дуел со Борусија Дортмунд во ЛШ.

„Милионерите“ имаат предност од 1:0, но утре гостуваат на „Стемфорд бриџ“, а за Челзи ова е клулен натпревар во сезоната.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Нема притисок. Тоа ни е работа. Да играме фудбал и да се обидеме да победиме. Нивото на самодоверба е високо и се надеваме на поволен епилог. Ова е посебно натпреварување и се надевам дека по 90 минута ќе можеме да славиме“, изјави Жоао Феликс.

„Лигата на шампиони е најважното клупско натпреварување и ние мораме да оствариме добар резултат. Фановите ме прифатија и ме засакаа, морам да им ја оддадам почитта што јас ја добив од нив, знам дека не постигнувам многу голови, мора да се подобрам и јас, но и целиот тим. Имаме негативен период, но не се откажуваме“, додаде Португалецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Седлоски: Нема поголем мотив од вакви натпревари, чуда се случуваат!

Македонската фудбалска репрезентација утревечер (20:45 часот) ја очекува еден од најголеми…