Помеѓу палмите покрај морето, високите хотели и отмените ресторани на плажи на кои се служи скап јастог и ликер се наоѓа Масеио, главниот град на бразилската држава Алагоас.
Ова место туристичките водичи го нарекуваа бразилските Кариби поради прекрасните глетки кои голем дел од нас можат да ги видат само по интернет и на разгледниците. Градот живее од туризам, а зад елитната туристичка дестинација се крие беда и неизвесност за голем дел од населениоте. Градот Масеио е еден од најопасните во целата земја.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во еден кварт во мала куќа живееше денес еден од најпознатите играчи во светот и ѕвезда на Ливерпул, Роберто Фирмино.
Роберто Фирмино Барбоса де Оливеира е роден 2. октомври 1991 година во сиромашна фавела. Бучавата од стадионот со 20.000 места „Реи Пеле“ се слушала во неговиот дом во кој живеел со родителите и сестрата. Топката и бучавата која ја правеле навивачите на стадионот станале негова опсесија.
Денес таа куќа на Фирмино е срушена и претворена во продавница за брза храна. Еден ѕид од куќата остана како сведоштво за тоа каде е родена една од најголемите ѕвезди на светскиот фудбал. Квартот на Фирмино бил прилично опасен.
„Секогаш имаше насилство во тој кварт, мајката на Роберто секогаш се трудеше да го заштити. Беше опседнат со фудбал, меѓутоа му забрануваа да излегува на улица поради опасноста. Понекогаш знаеше да избега и да им се приклучи на пријателите. Еднаш прекачувајќи се преку ѕидот падна и се повреди, белег од таа повреда на неговото колено има и денес“, зборува Бруно Барбоса дос Сантос, пријател на Фирмино од детството.
Останатите пријатели на Фирмино се сеќаваат како фрлање камења на кровот на неговата куќа за да му дадат знак дека е потребен на неговата екипа. Дури и кога Роберто играл фудбал со деца постари од шест години тој покажувал дека е една класа подобар од нив.
„Мајката на Роберто се грижела тој да не тргне по лош пат, меѓутоа на него работи кои не беа поврзани со фудбалот не му паѓаа на памет. Едноставно беше луд по топката, му беше сон да стане она што е денес. Од местото од кое доаѓаме е навистина тешко да се стигне до таму затоа му се восхитувам“, наведува пријателот на Роберто, Деде кој се уште живее во тој кварт.
Луѓето кои ги знаат неговите родители Маријана Сисера и Хозе Кордеира имаат само пофални зборови за семејството на Фирмино. Станува збор за семејство кое со посветеност успеа да се извлече од сиромаштијата.
Хозе бил уличен продавач на вода во текот на фудбалските натпревари и големите манифестации во градот. Тоа бил нивниот единствен извор на приход.
„Секогаш беше добро дете, мислеше на другите. Неодамна и помогна на мојата баба. Кога дозна дека има мозочен удар ни испрати инвалидска количка. Живееше за тоа да го спаси своето семејство“, објаснува пријателот Бруно кој се уште е во контакт со Фирмино.
Фирмино првите фудбалски чекори ги направи на теренот во соседството.
„Ги гледаше Роналдињо и Роналдо, како и сите кои игравме фудбал сакаше да биде како нив. Се воодушевуваше на Рони, но не забележуваше дека и тој игра одлично. Беше многу подобар од сите на теренот . Толку вешто дриблаше што многумина од нас паѓаа на грб“, раскажува пријателот на Роберто.
Недалеку од теренот се наоѓа училиштето во кое Роберто учеше до неговата седма година. Поранешниот административен советник, Ари Сантијаго доби идеја да основа фудбалска сенкција. Ни во лудило не помислувал дека некој млад фудбалер од таму ќе го направи ова што го направи Фирмино.
„Идејата ја добив после враќањето од одморот. Имаше многу насилство во овој крај и сакав да ги тргнам децата на страна. Сакав да направам нешто за да ги спречам да тргнат по лош пат“, наведува Ари Сантијаго
Потоа зборуваше конкретно за Фирмино.
„Беше мирно момче, секогаш насмеано. Доаѓаше порано од сите и кога ќе му ја дадев топката ги покажуваше своите вештини. На таа негова насмевка тешко можете да останете рамнодушни“.
Благодарение на стоматологот во клубот каде што одел да тренира Роберто се собрале пари за Фирмино да отпатува на североистокот на Бразил каде што одиграл неколку натпревари. Ниту патот од пет дена со автобус не бил препрека да излезе на терен и да покаже што знае.
Кога наполник 16 години стоматологот Марселус Портела стапил во контакт со тренерот на Алугас Лусијан Лопез. Снимката која му ја покажал од Фиримно го привлекла неговото внимание за во 2008 година да го одведе на проба во Сао Паоло.
Во текот на двете недели во Сао Паоло едвај ја допрел топката. Играл на позицијата последен играч за врска. Бил ненаметлив и тренерите се сомневале, но кога ја добил топката заиграл „самба“.
„Разговорот за Фирмино траеше половина час. Беше неверојатен. Не направи ниту една грешка кога ја доби топката, се што правеше беше соврешно. Сфатив дека се работи за неверојатно талентиран играч“, зборувал тренерот од младинските категории во Сао Паоло во тоа време Хемерсон Марија.
This is a picture of a young Roberto Firmino before all the fame, sponsorships and lucrative contracts. ??
— PDA Football 1on1 (@PDAFootball1on1) March 17, 2020
–
What are you waiting for to take your game to the next level?⚡️
•
•
•#football #onetoone #footballcoaching #firmino #pdafootball pic.twitter.com/rVgDjev2Lj
Потоа Марија ја променил позицијата на Фирмино и го ставил поблиску до голот. Тогаш тој им ветил на своите пријатели дека во квартот ќе се врати кога ќе стане успешен. Тренерите ги загрижувала неговата срамежливост, дури тренерот Марија две недели го викал Алберто, а Фирмино не го порправил.
Дојде и времето кога почнал да игра во првиот тим на Фигуириненсе, па бил повикан на проба во Марсеј. Патот до Аѕурниот брек го водел преку Шпанија. После слетувањето во Мадрид бил обвинет дека илегално се обидел да влезе во земјата и набрзо бил депортиран надас.
Еден месец подоцна Фирмино повторно се упатил за Марсеј, но со директен лет. Сепак францускиот клуб одлучил да не ја плати откупната клазула од милион евра. Подоцна Жан Фелипе Дуранд кој во тоа време бил во раководството на Марсеј призна дека тоа било една од неговите најголеми грешки.
Три недели после 18 роденден Фирмино дебитираше за Фигуриенсе. Една година подоцна неговиот тим се пласираше во повисок ранг, а Фирмино беше прогласен за најпреспективен играч во Серија Б. Кон крајот на 2010 година потпиша договор со германскиот Хофенхајм за четири милиони евра, во тоа време го сакаа Арсенал и ПСВ.
Успеа да се прилагоди на западната клима на Германија. После неколку години беше прогласен за играч кој најмногу напредувал во Бундес лигата. Ливерпул го доведе во 2015 година за сума од 29 милиони евра.
Од тогаш кариерата на Фирмино оди во нагорна линија. Во последните 12 месеци ја освои Лигата на шампионите, Копа Америка, а оваа година се очекува да го подигне пехарот и во Премиер лигата. Тој стана првиот Бразилец кој псотигнал 50 голови во Англија, а ја освои и титулата клупски светски шампион.