Роберто Фирмино минатото лето го напушти Ливерпул и покрај понудите од европските клубови избра да продолжи во Ал Ахли од Саудиска Арабија.
Бразилецот не ги оправда очекувањата во Ал Ахли, а и самиот не е задоволен од животот во Саудиска Арабија, па експресно може да се врати во Европа.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Фирмино за новогодишните празници се врати во Англија, а медиумите пренесуваат дека има понуди од Премиер лигата.
Медиумите пренесуваат дека Бразилеот веќе ја известил управата на Ал Ахли за желбата да си замине.
Шефилд Јунајтед ќе се обиде да го ангажира 32-годишниот Бразилец до крајот на сезоната како позајмен играч, со намера на лето да преговара за откуп на договорот.